Енергетска ефикасност
|
Партнерство со Општина Карпош
Станбената кула број 10 на бул. „8-ми Септември“ во Скопје
На 6 мај официјално стартуваше партнерскиот проект на Хабитат Македонија и општината Карпош, Скопје, за унапредување на енергетската ефикасност на 112 станбени единици од станбената кула број 10 на бул. „8-ми Септември“ во Скопје. Проектот е дел од повеќегодишната Програмата за енергетски ефикасни домови на Хабитат Македонија со која веќе се завршени интервенциите на 28 станбени единици во Кавадарци.
Партнерскиот проект започна со реализација откако претходно беше донесена одлука од Советот на Општина Карпош за реконструкција на фасадата на зградата која не е обновена повеќе од 45 години. Учеството на Хабитат Македонија во проектот е концентрирано на финансирање на замената на старите прозорци со нови, кои заедно со новата термоизолациона фасада треба да обезбедат заштеда во потрошувачката на енергија од најмалку 30%. Поединечната вредност на интервенциите кои се финансирани од Хабитат Македонија изнесува од 700 до 1400 евра по станбена единица.
Инаку, интервенциите во областа на енергетската ефикасност се наоѓаат во фокусот на новите програмски активности на Хабитат Македонија. Како поддршка на пилот-проект на УСАИД, Хабитат Македонија има идентификувано нови објекти на кои се предвидени енергетски ефикасни интервенции: две згради во општините Гази Баба и Чаир во Скопје и една зграда во Куманово.
Галерија
Пред реконструкцијата
|
Пред реконструкцијата
|
Пред реконструкцијата
|
За време на реконструкцијата
|
За време на реконструкцијата
|
Конференција за печат (Офицајлно отпочнување на реконструкцијата)
|
Конференција за печат (Офицајлно отпочнување на реконструкцијата)
|
Конференција за печат (Офицајлно отпочнување на реконструкцијата)
|
Повеќе информации може да се најдат и на:
http://www.karpos.gov.mk/
|
|