Џими Картер, претседател на САД
1924-2024 година
Американскиот претседател Џими Картер, најпознатиот волонтер на Habitat for Humanity, почина на 100-годишна возраст, на 29 декември, во својот дом во Плејнс, Џорџија.
Шампион за достапното и пристојното домување, тој и неговата сопруга Розалин Картер секоја година донираа од своето време и лидерство за изградба и подобрување на домовите на Хабитат ширум светот.
„Длабоко сме тажни поради смртта на претседателот Картер, нашите молитви се со семејството Картер“, рече Џонатан Рекфорд, извршен директор на Habitat for Humanity International. „Претседателот и г-ѓа Картер почнаа да волонтираат со Habitat for Humanity во близина на нивниот дом во југозападна Џорџија пред повеќе од 40 години и набрзо го свртеа светското внимание на потребата од пристојни и достапни домови. Благодарни сме за неверојатното влијание што сопружниците Картер го имаа врз Хабитат и врз семејствата кои имаат бенефит од нивниот светол пример. Сопружниците Картер го ставија Habitat for Humanity на светската мапа, а нивното наследство живее во секое семејство на кое му служиме ширум светот“.
„Претседателот Картер ни покажа на сите што навистина значи да се живее живот со достоинство, скромност и служење на заедницата“, рече Зоран Костов, национален директор на Хабитат Македонија.
Хабитат Македонија се придружува во жалоста за смртта на поранешниот американски претседател Џими Картер.