Нов проект
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
Хабитат Македонија воспостави партнерство со СОС Детско село Македонија со цел да се подобрат условите за домување во СОС Детското село во Скопје. Целта на проектот е значително подобрување на условите за домување преку реновирање на бањите во селото, намалување на трошоците за одржување за дванаесет семејни куќи и спроведување на едукативни работилници за рационална употреба на вода и електрична енергија.
СОС Детското село во Скопје е дом на дванаесет семејства кои живеат во исто толку куќи. Првото дете во селото пристигна во 2007 година на возраст од седум години. Денес детското село брои 76 деца на возраст од 3 до 15 години кои живеат со своите СОС мајки. Секоја од нив се грижи за најмногу седум деца кои доаѓаат од различни делови од земјата, различни националности и семејни приказни.
Проектот "Подобрување на домови за СОС Семејства" е прв од овој вид во светски рамки.
Галерија
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
Подобрување на домови за СОС Семејства
|
|
|