Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Волонтери

Градење домови во време на пандемија: Амбасадорката на САД волонтираше во Велес

Во услови на суспендирана програма за меѓународно волонтирање по појавата на корона вирусот, посветеноста на борбата против ефектите на пандемијата преку помош на оние кои имаат потреба од нов дом беше демонстрирана на вистински начин од Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс. Во средината на август 2020 година таа го посети Проектот за новоградби во Велес.

Откако заради пандемијата градежните работи на шестата зграда со 12 станови беа ставени во мирување на почетокот на март 2020, волонтирањето на амбасадорката всушност означи обновување на активностите и продолжување со градбата. Претходните години, во рамките на овој проект, веќе се изградени 5 станбени згради со 36 станови.

На симболичното поставување цигли во шестата зграда, под строги Ковид-19 протоколи, се придружи Драган Малиновски, претседател на Управниот одбор на Хабитат Македонија. Приликата беше искористена и за презентација на другите програми на организацијата, за што се погрижија националниот директор Зоран Костов и заменик директорката за програма Лилјана Алчева.

Проектот за новоградби во Велес е дел од традиционалната програма на Habitat for Humanity која обезбедува домови за семејства со ниски приходи. Од започнувањето на проектот во 2008 година на ова градилиште имаат волонтирано повеќе од 1720 меѓународни волонтери организирани во 122 тимови.