IN MEMORIAM
По кратко и тешко боледување, на 3-ти февруари 2009-та година, во 74-тата година од животот почина Милард Фулер, основач на Habitat for Humanity International. Фулер го водеше Хабитат цели 29 години, од основањето во 1976 година до 2005 година кога се оддели и го основаше Фулер центарот за домување.
повеќе...
Меѓународен одбор на директори
Меѓународниот одбор на директори на глобалната мрежа Habitat for Humanity International на 23 и 24 октомври во Скопје го одржа својот годишен состанок. Покрај одржувањето на состанокот Меѓународниот одбор учествуваше и во активностите на Хабитат Македонија при поставувањето на камен темелникот на првата Хабитат населба во Велес. повеќе...
Прва Хабитат населба
Хабитат Македонија започна со изградба на првата Хабитат населба за семејства со ниски приходи во земјата. На површина од 4.700 квадратни метри, во населбата Тунел 2 во Велес, во следните три години ќе бидат изградени 11 објекти со вкупно 90 дома. Во првата година е планирано да се изградат 24 станови во кои партнер семејствата на Хабитат Македонија ќе можат да се вселат пред да заврши целосната изградба на населбата. Просечната површина на еден дом изнесува 52 квадратни метри, а целокупната инвестиција за изградба на оваа населба ќе чини 2,7 милиони долари. повеќе...
Здрава вода за подобар дом
Здрава и чиста вода за пиење добија 120 семејства од општината Василево кои со помош на Хабитат Македонија успешно се поврзани на главната водоводна мрежа. Хабитат Македонија преку новиот пилот проект за водоснабдување и санитација ќе им помогне и на 10 семејства во село Рашче и 12 семејства во село Мамутчево. повеќе...
Програмско финансирање
Нов договор за финансирање на Програмата за унапредување на сиромашното домување на Хабитат Македонија, потпишан со фондацијата Холандски меѓународни гаранции за домување (Dutch International Guarantees for Housing), почна да се спроведува во јуни 2008 година. Договорот вреден 1 милион евра предвидува поволни заеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови во наредните 10 години. повеќе...
Извештај
Програмата Фонд за домување на Роми и маргинализирани на Хабитат Македонија беше претставена како позитивен пример во рамките на извештајот за состојбите и предизвиците во областа домувањето и здравството кај заедницата на Роми во Република Македонија. повеќе...
Партнерство
Новоформираната алијанса меѓу Хабитат – Македонија и Хабитат – Колиер Каунти беше еден од најзначајните моменти на свеченото отворање на Почесниот конзулат на Македонија во Нејплс, Флорида, на 8-ми февруари 2008. повеќе...
Награда за нашата работа
Ни претставува особено задоволство да ве известиме дека тековната програма Фонд за подобар дом, која што има за цел да ја подобри состојбата на сиромашното домување во Македонија преку микрофинансиски партнерства, беше избрана меѓу трите најиновативни проекти за развој во светот, според оценувањето на Мрежата за глобален развој, партнер на Светска банка. повеќе...
Хабитат ден 2007
По втор пат од своето постоење, Хабитат Македонија ги собра сите свои партнер семејства на едно место. Поради тоа што Хабитат Македонија е национална афилијација која што ја покрива целата територија на Република Македонија, овој годишен настан беше од особено значење. повеќе...
Семинар:
Хабитат - Македонија по иницијатива на Habitat for Humanity International беше домаќин на 5 дневен семинар во Охрид од 4-ти до 8-ми Јуни, 2007 година. повеќе...
Регионална работилница
Имаме задоволство да ја најавиме регионалната работилница за испитување на можностите за подобрување на домувањето преку микрофинансирање на Ромското население. Организатор, покрај Хабитат - Македонија, е и ФИООМ - Фондацијата Институтот Отворено Општество - Македонија. Оваа работилница ќе се одржи од 12 и 13 април во Скопје. повеќе...
Партнерска програма на Хабитат Македонија
Заклучно со декември 2006 gодина, по 18 месеци спроведување, иновативната микрофинансиска програма на Хабитат Македонија одобри 98 заеми за реконструкција на субстандардни домови, во вкупен износ од 446,810 американски долари. Тие резултираа со 60 завршени реконструкции, додека 38 реконструкции се во тек. повеќе...
Хабитат ден 2006
Сите семејства на светот заслужуваат пристоен и достапен дом, беше пораката испратена од партнерските семејства, гостите и останатите поддржувачи на Хабитат Македонија, за време на Хабитат денот - сите семејства заедно, посебен настан одржан на 18-ти јуни на Скопскиот саем. повеќе...
Прва завршена реконструкција
Семејството Богдановски е првото партнер семејство кое ја заврши реконструкцијата на својот дом со средства од Фондот за подобар дом.
повеќе...
Промовиран Фондот за подобар дом
На 1 април 2005 година Хабитат Македонија, афилијација на глобалната мрежа за домување Habitat for Humanity International и Штедилницата Можности, имплементирачки партнер на глобалната микрофинансиска коалиција Opportunty International, потпишаа договор за основање Фонд за подобар дом. повеќе...
|