Почина Милард Фулер
По кратко и тешко боледување, на 3-ти февруари 2009-та година, во 74-тата година од животот почина Милард Фулер, основач на Habitat for Humanity International.
Фулер го водеше Хабитат цели 29 години, од основањето во 1976 година до 2005 година кога се оддели и го основаше Фулер центарот за домување.
„Милард Фулер беше сила што едноставната идеја ја претвори во интернационална организација која им помогна на повеќе од 300.000 семејства лошите животни услови да ги претворат во едноставни и пристојни живеалишта. Целото Хабитат семејство тагува за загубата на нашиот основач. Нашите молитви се со семејството на Фулер“ - рече Џонатан Рекфорд, извршен директор на Habitat for Humanity International.
Милард Фулер беше и плоден писател кој остави 10 книги зад себе. Има примено повеќе од 50 почесни дипломи и во 1996 година го доби Претседателскиот медал на слободата, најголема чест за еден Американец. Доделувајќи му го медалот тогашниот претседател на Соединетите американски држави Бил Клинтон изјави дека „Милард Фулер, сонот за сопствен дом го направи реалност во нашата земја и во светот“.
Покрај бројните награди, Фулер влезе во National Housing Hall of Fame ги ја доби наградите World Changer Award, Methodist Peace Award, Norman Vincent Peale Award, John W. Gardner Leadership Award, Marthin Luther King Jr. Humanitarian Award.