Хабитат ден 2007
|
Сите партнер семејства заедно
По втор пат од своето постоење, Хабитат Македонија ги собра сите свои партнер семејства на едно место. Поради тоа што Хабитат Македонија е национална афилијација која што ја покрива целата територија на Република Македонија, овој годишен настан беше од особено значење.
На настанот, кој што се одржа на 9-ти септември на Скопскиот саем, присуствуваа над 160 членови на семејства, партнери и поддржувачи на Хабитат, кои заедно со нас го одбележаа „Хабитат ден – сите семејства заедно“. Со своето присуство, нашите гости покажаа дека ја поддржуваат идејата врз која се темели Хабитат – Македонија: дека секое семејство заслужува пристоен и здрав дом.
Како и минатата година, и овој пат ја доделивме наградата за најдобро искористен заем. Оваа година симболичната награда, која од сега па натаму ќе биде спонзорирана од страна на нашиот корпоративен спонзор MoneyGram, ја доби семејството Ефтимовски од Скопје. Со заемот од Фондот за подобар дом, Каролинче и Љупчо успеаа да доградат соба за нивната ќерка, малечката Викторија, како и нова бања во куќата.
|
|