Здрава вода за подобар дом
|
120 семејства приклучени на водоводната мрежа
Здрава и чиста вода за пиење добија 120 семејства од општината Василево кои со помош на Хабитат Македонија успешно се поврзани на главната водоводна мрежа. Хабитат Македонија преку новиот пилот проект за водоснабдување и санитација ќе им помогне и на 10 семејства во село Рашче и 12 семејства во село Мамутчево.
Семејствата кои добиваат помош од овој проект се со ниски приходи и со голем број на членови во домот. Пред Хабитат Македонија да им помогне, водата во нивниот дом ја добиваа преку индивидуални бунари лоцирани во опасна близина до нивните септички јами. Ваквата практика е закана не само по здравјето на фамилијата туку и за здравјето на сите.
Главната цел на проектот е да се подобрат условите на домување преку обезбедување на здрава вода и прописна санитација во домовите на семејствата. Поради успешноста на проектот за водоснабдување и санитација, Хабитат Македонија бара начин, како овој проект да продолжи и да прерасне во програма, за да можеме да им помогнеме на повеќе семејства кои имаат потреба од здрава вода и прописна санитација.
|
|