Програмско финансирање
|
Потпишан договор со DIGH
Нов договор за финансирање на Програмата за унапредување на сиромашното домување на Хабитат Македонија, потпишан со фондацијата Холандски меѓународни гаранции за домување (Dutch International Guarantees for Housing), почна да се спроведува во јуни 2008 година. Договорот вреден 1 милион евра предвидува поволни заеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови во наредните 10 години.
Холандски меѓународни гаранции за домување е специјализирана фондација за посредување при финансирање проекти за домување на семејства со ниски приходи во земјите во развој и економска транзиција.
Финансирањето од Холандија овозможува зголемување на постоечкиот Фонд за подобар дом кој од 2005 година обезбедува поволни заеми за семејства со ниски приходи во Македонија. Програмата се спроведува во партнерство меѓу Хабитат Македонија и Штедилницата Можности.
|
|