Промовиран Фондот за подобар дом
|
Микрофинансирање за домување на сиромашните
На 1 април 2005 година Хабитат Македонија, афилијација на глобалната мрежа за домување Habitat for Humanity International и Штедилницата Можности, имплементирачки партнер на глобалната микрофинансиска коалиција Opportunty International, потпишаа договор за основање Фонд за подобар дом.
Проектираниот капитал на фондот е 1,5 милиони долари, предвидени да сервисираат кредитна линија за реконструкција и реновирање на субстандардното домување во Македонија. Заемите ќе им се доделуваат на економски слаби, но работно активни семејства.
Основањето на Фондот го поздравија Don Haszczyn, потпретседател на Habitat for Humanity International за Европа и Централна Азија и Стефчо Јакимовски, министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија.
|
|