Семинар: Развој на микрофинансиски производ за домување
Хабитат - Македонија по иницијатива на Habitat for Humanity International беше домаќин на 5 дневен семинар во Охрид од 4-ти до 8-ми Јуни, 2007 година.
Тренингот беше Вовед за истражување на пазар и развој на заем за домување за Микрофинансиски институции, одржан од Amy Davis Kruize, консултант од мрежата на IDEAS. На овој 5 дневен настан учествуваа претставници од шест различни организации. Имаше учесници од регионалната канцеларија на Habitat for Humanity, Хоризонти, Можности и Хабитат - Македонија од Македонија и Начала и Хабитат - Софија од Бугарија.
Преку предавања, практични вежби и теренска работа сите учесници се запознаа со потрбата од насочено проучување на пазарот и ги совладаа техниките на истражување на пазарот, користејќи го процесот на истражување на пазарот и развој на нов производ креирани од MicroSave. За време на теренската работа во Битола учесниците ги вежбаа претходно изучените техники од квалитативни истражувања, истакнувајќи го спроведувањето прашалници, пробни прашања, улогата на модераторот и запишување на белешки во групните фокус состаноци.
Ова беше прв ваков семинар во овој регион, организиран од страна на Хабитат, со многу позитивни резултати што се почуствуваа веднаш во работата на сите организации кои земаа учество.