Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Партнерска програма на Хабитат Македонија

news01Одлични резултати на Фондот за подобар дом


Заклучно со декември 2006 gодина, по 18 месеци спроведување, иновативната микрофинансиска програма на Хабитат Македонија одобри 98 заеми за реконструкција на субстандардни домови, во вкупен износ од 446,810 американски долари. Тие резултираа со 60 завршени реконструкции, додека 38 реконструкции се во тек.

На почетокот на 2005 година Хабитат Македонија и Можности, локален имплементирачки партнер на глобалната микрофинансиска коалиција Opportunity International, иницираа партнерство преку иновативна програма. Тоа е прво партнерство од овој вид во регионот на Европа и централна Азија.

Со почетокот на фискалната 2006 година (јули 2006) партнерите воспоставија кредитна линија која обезбедува мали заеми (2.400-5000 долари во денарска противредност) за реконструкција и реновирање на субстандарни домови. Кредитната линија произлегува од Фондот за подобар дом, формиран со заеднички финансиски придонес на Хабитат Македонија и Можности. Според проекциите, 5 години по воспоставувањето фондот треба да располага со 1,5 милиони долари, од кои 500.000 на Хабитат и 1 милион на Можности.

Општа цел на ваквиот пристап е справување со сиромашното домување во Македонија во обем поголем од обемот на традиционалната Хабитат програма, во смисла на број на поддржани семејства. Попрецизно, по 18 месеци имплементација на програмата беа одобрени 98 заеми, во вкупен износ од 446.810 долари. Тие резултираа со 60 завршени реконструкции, додека 38 реконструкции се во тек.

Програмата исто така обезбедува нефинансиски услуги, во форма на совети и обука за корисниците на заемите. Со оглед дека процесирањето на заемите е одговорност на микрофинансискиот партнер, овие нефинансиски услуги се нарекуваат Хабитат компонента.

Овој бизнис модел има и неколку други компоненти по кои се разаликува од традиционалната Хабитат програма: побрз обрт на фондовите, гарантирана исплата на заемите и воспоставената умерена каматна стапка која е проектирана да биде повисока од стапката на инфлација. Овие компоненти предвидуваат генерирање приходи неопходни да се покријат оперативните трошоци, правејќи ја на тој начин програмата долгорочно самоодржлива.