Почесниот конзул на Македонија во Флорида – иницијатор на ново Хабитат партнерство
Новоформираната алијанса меѓу Хабитат – Македонија и Хабитат – Колиер Каунти беше еден од најзначајните моменти на свеченото отворање на Почесниот конзулат на Македонија во Нејплс, Флорида, на 8-ми февруари 2008.
Иницијатор за партнерството беше Лу Влашо, новоназначениот Почесен конзул на Македонија и долгогодишен поддржувач на Habitat for Humanity.
Договорот за партнерство, потпишан од страна на Зоран Костов, извршниот директор на Хабитат Македонија и Сем Дурсо, претседател на Хабитат – Колиер Каунти, беше поздравена од страна на голем број значајни јавни личности коишто присуствуваа на свеченото отворање на Конзулатот, меѓу кои беа и македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошевски, македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, претседателот на Генералното собрание на ООН, Срѓан Керим и градоначалникот на Нејплс, Бил Барнет.
Најновиот партнер на Хабитат – Македонија, со седиште во Нејплс, Флорида, е основан во април 1978, од кога е и посветен на елиминирањето на сиромашното домување во Колиер Каунти. Со изградбата на повеќе од 1000 куќи за време на триесетте години на неговото постоење, Хабитат – Колиер Каунти поставува стандарди кон кои се стреми секоја Хабитат афилијација.
Линк: Статија за настанот во Naples Daily News