Регионална работилница
|
Микрофинансиски услуги за домување на Ромите
Имаме задоволство да ја најавиме регионалната работилница за испитување на можностите за подобрување на домувањето преку микрофинансирање на Ромското население. Организатор, покрај Хабитат - Македонија, е и ФИООМ - Фондацијата Институтот Отворено Општество - Македонија. Оваа работилница ќе се одржи од 12 и 13 април во Скопје.
Регионалниот тим ќе биде составен од претставници на ромски организации, Хабитат афилијации, микрофинански организации и претставници од Советот на Европа и Централната канцеларија на ФИООМ - Фондацијата Институтот Отворено Општество - Македонија. Оваа работилница ќе ги поврзе и размени искуствата во доменот на домувањето на Ромите, развој и одржување на микрофинансирање на домувањето на Ромите и улогата на Ромските невладини организации во подобрувањето на домувањето на Ромите.
|
|