Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Проект

Во тек урбанизација на Шуто Оризари

Повеќе од 17.000 жители на Шуто Оризари, на периферијата на Скопје, имаат причина повеќе да веруваат овој дел на градот ќе биде урбанизиран согласно законските одредби, откако Хабитат Македонија избра две реномирани компании да изработат детални урбанистички планови за повеќе од 150 хектари (1,5 милиони кв.м.) од оваа густо населена општина.

Создадена од најмаргинализираните, претежно ромски семејства кои ги имаат загубено своите куќи во скопскиот земјотрес од 1963 година, оваа населба со претежно бесправно изградени објекти чека на урбанизацијата повеќе од 50 години.

Финансирањето од Европската Унија, обезбедено преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), беше од суштинско значење за овој процес. Во земја која се бори со неефикасноста и корупцијата, сложената задача на урбанизација на големи опфати во рамките на една општина за прв пат и беше доверена на невладина организација, позната меѓу билатералните и мултилатералните донатори по докажаниот институционален капацитет и транспарентноста во работењето.

Се смета дека развојот на деталните урбанистички планови ќе има клучно значење за трансформација на Шуто Оризари во пристојно место за живеење. Целиот проект имено, има за цел да придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој што треба да доведе до подобар квалитет на живеење во ромските заедници.