Нов проект финансиран од ЕИДХР
|
Индикатори за социјална вклученост во домувањето
Од јануари 2012 година Делегацијата на Европската Унија во Скопје преку Европскиот инструмент за демократија и човечки права (ЕИДХР) одбра уште еден проект на Хабитат Македонија за финансирање во наредните 12 месеци. Главната цел на проектот, наречен Развој на индикатори за социјална вклученост во домувањето, е поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, преку развој на референтни индикатори, при што би се следел прогресот во процесот на социјалната вклученост.
Проектот треба да биде имплементиран на национално и локално ниво, со посебен фокус на две општини: Битола и Шуто Оризари. И кај двете општини постојат едни од најлошите примери за социјална исклученост, податни за анализа: населбата Баир во Битола е прототип на етнички издвоено гето, додека Шуто Оризари е типичен пример за пренаселенa заедница. Истражувањата од кои се очекува да ја прикажат исклученоста и да послужат како основа за развој на потребните индикатори, прикажувајќи го прогресот во вклученоста, би ги вклучиле институции како Министерство за труд и социјална политика, Министерство за локална самоуправа, Министерство за животна средина и просторно планирање, граѓански здруженија кои работат на социјалната вклученост, локални власти и претставници на локалните ромски здруженија, со посебно внимание на правична застапеност на сите вклучени страни.
Покрај создавањето на референтните индикатори со цел градење политики на полето на социјалната вклученост во домувањето, овој проект исто така ќе создаде соодветна платформа каде би бил слушнат гласот на групите кои се маргинализирани и социјално исклучени, заедно со можност за создавање на потенцијално партнерство помеѓу јавните институции и локалните граѓански здруженија.
|
|