Нов проект
|
Одржливи модели за вработување на Роми - нов проект на Хабитат Македонија финансиран од ЕУ
Ромската заедница и понатаму останува една од најмаргинализираните и обесправени групи во Македонија. Во 2007 година, Хабитат Македонија го основа Фондот за домување за Роми, и оттогаш па наваму имаме развиено различни програмски активности посветени токму на подобрување на условите за живот на Ромите. Проектите кои следеа вклучуваа легализација на домувањето на Ромите, јакнење на капацитетите на ромската заедница во остварување на правата за домување, застапување поврзани со прашања за домување на Ромите итн. Оттука, со гордост го најавуваме почетокот на новиот проект со кој ќе се надоврземе на резултатите во ромските заедници постигнати со нашите претходни проекти. Хабитат Македонија официјално започнување со имплементација на проектот "Одржливи модели за вработување на Ромите". Проектот е финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за финансирање.
Општата цел на проектот е да придонесе кон одржливо интегрирање на Ромите на пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини за вработување во градежниот сектор, секторот за домување и енергетска ефикасност. Главната цел на проектот е зголемување на потенцијалот за вработување на ромската популација, обезбедувајќи соодветни и пазарно вреднувани индивидуални способности (знаење, вештини, мотивација) и олеснување на пристапот до пазарот на труд преку креирање на т.н. „мрежа за вработување“ која ќе ги поврзе градежните компании и потенцијалните работници Роми.
Споменатите цели на проектот ќе се реализираат преку:
- збир на активности кои ќе ги зајакнат капацитетите за градежни вештини, со заокружен процес на соодветна сертификација;
- збир на активности со кои ќе се зголеми мотивацијата и ќе се поттикне вработувањето, особено кај жените Ромки;
- збир на активности со кои ќе се воспостави мрежа за вработување на Ромите.
Проектот ќе се спроведува во тек на 12 месеци.
|
|