Wienerberger и Habitat for Humanity по трет пат го продолжуваат партнерството
Wienerberger и Habitat for Humnaity го продолжуваат партнерството по трет пат, за дополнителни три години
Wienerberger групацијата е еден од водечките производители на градежни материјали во светот, Habitat for Humanity International е меѓународна организација за хумано домување. Овие два субјекти со задоволство објавуваат уште тригодишно продолжување на нивното партнерство. Според новиот договор за периодот 2018-2021 година, Wienerberger ќе ги поддржува проектите за реконструкција и проектите за енергетска ефикасност на Хабитат во Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Македонија, Велика Британија и Словачка. Партнерството исто така ќе ја зголеми свеста за проблемите со домувањето и ќе се залага за подобри политики во Централна и Источна Европа. Wienerberger не само што го поддржува партнерството финансиски, туку и помага со тимови на волонтери кои физички помагаат да се изгради и да се обезбеди техничко советување.
Соработка за застапување
Соработката за застапување помага значително да се подигне свеста за важноста на безбедни и здрави домови за понатамошен образовен, економски и социјален развој. Заедно Wienerberger и Habitat for Humanity International ја враќаат оваа агенда во вниманието на националните и локалните власти, креаторите на политиките, градоначалниците итн.
Првото партнерство помеѓу Wienerberger и Habitat for Humanity International започна во 2012 година со проекти во Романија и Бугарија.
Првично, Wienerberger ги поддржа проектите за домување на Хабитат во Романија и Бугарија, обезбедувајќи финансиска поддршка, цигли, плочки за покрив, техничка експертиза и волонтери. Речиси 130 семејства добија нов дом или ги реновираа своите куќи. Компанијата, исто така во соработка со Хабитат, изгради нов дом за стари лица и училиште во Романија, помагајќи на повеќе од 1.360 луѓе. Беше помогнато на повеќе од 2.000 лица кои имаа потреба од помош.
Посветеноста се зголеми во 2015-2018 година и се прошири во Полска, Унгарија и САД
Второто партнерство помеѓу Wienerberger и Habitat for Humanity International се зголеми со вклучување на помош за иницијативите на Хабитат во Полска, Унгарија и САД, каде што се градат домови за ранливите семејства, како и изградба на заеднички / едукативни центри, нови училници и подобри домови за лицата со посебни потреби. Од почетокот на партнерството заеднички им помогнале на повеќе од 3.000 ранливи лица.
Значаен придонес за намалување на сиромашното домување
"Ова е взаемно корисно партнерство за Wienerberger и за Habitat for Humanity International", рече Тори Нелсон, регионален потпретседател на Habitat for Humanity International за Европа, Блискиот Исток и Африка. "Партнерството со Wienerberger, кое донесе значен придонес за намалување на сиромашното домување е многу ценето. Тие ни помогнаа да донираме енергетски ефикасни производи, да градиме домови за семејствата кои имаат потреба од тоа, центри за заедницата, образовни центри, нови училници, центри за лица со посебни потреби, центри за стари лица, испраќање на волонтери за помош во техничка експертиза и решавање на клучните прашања за домување во земјите каде што потребата е многу голема".
Wienerberger и Habitat for Humanity по трет пат го продолжуваат партнерството
|
Wienerberger и Habitat for Humanity по трет пат го продолжуваат партнерството
|
Wienerberger и Habitat for Humanity по трет пат го продолжуваат партнерството
|
За повеќе информации:
Katerina Bezgachina
Директор за Комуникации
Habitat for Humanity International
kbezgachina@habitat.org
+421-911-045 838
Karin Steinbichler
Раководител на Корпоративни комуникации
Wienerberger AG
karin.steinbichler@wienerberger.com
+43 1 60 192 10149