Хабитат Македонија имплементира пилот-проект на УСАИД
Хабитат Македонија, како локален партнер на Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Држави (УСАИД) е вклучен во пилот-проект кој има за цел да ги процени заштедите во потрошувачката на енергија во колективното домување, откако ќе се применат мерки за енергетска ефикасност. Се очекува проектот да покаже дека енергетската заштеда лесно може да ги оправда инвестициите во мерките за енергетска ефикасност како: промена на прозорците и на надворешните врати, подобрување на термо-изолацијата на надворешните ѕидови преку реконструкција на фасадата и покривот, како и замена на неефикасното осветление со поефикасно.
За оваа цел, Хабитат Македонија со своите партнери (ИРГ од Вашингтон и Тимелпроект од Скопје) избра три станбени згради за интервенција, по што се пристапи кон енергетски мерења. Избраните згради во кои живеат домаќинства со ниски приходи користат различни начини на греење (централно греење, електрична енергија и комбинирано греење на електрична енергија и огревно дрво). Две од зградите се во Скопје и една е во Куманово.
Откако резултатите на мерењата го посочија видот и обемот на интервенциите, градежните работи беа изведени во периодот јули – октомври 2010 година. Работите се завршени кон крајот на октомври и за наредните месеци се закажани енергетските мерења по интервенцијата.
Дополнителна компонента на пилот-проектот предвиде поддршка на развојот на млада работна сила, со што се илустрираат други погодности од подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување. Дванаесет матуранти беа обучени и учествуваа во инсталацијата на опремата за енергетска ефикасност во трите згради.
Пилот проектот исто така иницираше советодавно тело на засегнати и заинтересирани страни, како еден вид на форум за размена на идеи и координација на различните интереси меѓу владата, индустријата и граѓанското општество, кој треба да послужи како механизам кој ќе ги собере на едно место сите оние кои се заинтересирани за енергетската ефикасност на станбените објекти, реформата на цената на енергијата и подобрувањето на механизмите на социјалната заштита.
Реконструирана станбена зграда во Автокоманда, Скопје
Станбена зграда во Автокоманда, Скопје - Пред реконструкцијата
|
Станбена зграда во Автокоманда, Скопје - За време на реконструкцијата
|
Станбена зграда во Автокоманда, Скопје - По реконструкцијата
|
Реконструирана станбена зграда во Чаир, Скопје
Станбена зграда во Чаир, Скопје - Пред реконструкцијата
|
Станбена зграда во Чаир, Скопје - За време на реконструкцијата
|
Станбената зграда во Чаир, Скопје - По реконструкцијата
|
Реконструирана станбена зграда во Куманово
Станбена зграда во Куманово - Пред реконструкцијата
|
Станбена зграда во Куманово - За време на реконструкцијата
|
Станбена зграда во Куманово - По реконструкцијата
|