Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија
Тим од волонтери составен од вработени во Saint-Gobain и Хабитат Македонија на 20 март 2018 г. организираа заеднички волонтерски ден, кој се одржа на градилиштето во зградата на Здружението на пензионери – Кавадарци. Зградата на Здружението е под реконструкција како дел од проект на Saint-Gobain и Хабитат Македонија за реновирање на просториите на Здружението и подобрување на енергетската ефикасност на зградата. Ова е воедно прв проект поддржан од Фондацијата Saint-Gobain Initiatives во Македонија.
Во рамки на активностите, волонтерите помагаа во местењето на изолацијата на фасадата и останатите тековни градежни активности.
“Нашата компанија Saint-Gobain е многу горда што може да придонесе за енергетски ефикасни и еколошки прифатливи живеалишта за подобрување на животот на локалното население. Ние веруваме дека здравите домови имаат голема општествена вредност и се надеваме дека нашата донација и овој волонтерски ден би ги мотивирале и другите компании исто така да се приклучат и да придонесат кон позитивни општествени промени“, потенцираше Ласло Лауко, директор за комуникации во Saint-Gobain кој воедно и волонтираше во Кавадарци.
Инаку, Фондација Saint-Gobain Initiatives е формирана во 2008 година, со седиште во Франција и се потпира на посветеноста на вработените на групацијата SAINT-GOBAIN. Сите вработени во групацијата, без разлика дали се моментално вработени или во пензија, можат да спонзорираат проекти од област на инклузија на млади во професионалниот живот и градежништвото, подобрување или реновирање за потребите од општ интерес за социјалниот живот, придонесувајќи посебно кон намалување на потрошувачката на електрична енергија и зачувувајќи ја животната средина.
Токму овие начела беа точката на спојување со целите и принципите на Хабитат Македонија. Набрзо беше дефиниран и заедничкиот проект чија цел е да се подобри енергетската ефикасност на зградата во која што е сместено Здружението на пензионери - Кавадарци, нивниот дневен центар и 2 пензионерски станови. Корисниците на овој проект ќе заштедат до 30% од потрошувачката на енергија. Реновирањето вклучува изолација на фасадата, замена на стари прозорци и врати со енергетски ефикасни како и реновирање на заедничката просторија за пензионери (дневен центар).
Имајќи предвид дека и Фондацијата и Хабитат се посветени на интеграција и едукација на младите, проектот предвиде и вклучување на група студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје и средношколци од средните стручни училишта. Па така, по успешната реализација на волонтерскиот ден, на градилиштето престојуваше група од 32 студенти од Архитектонскиот факултет, кои имаа можност да слушнат за придобивките од подобрувањето на енергетската ефикасност особено во станбените згради, и да видат во пракса како се применуваат материјалите за енергетска ефикасност на градилиштето.
Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија
|
Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија
|
Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија
|
Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија
|
Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија
|
Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија
|