Проект
|
Нови хоризонти за заеднички иницијативи во Европа
Одлични вести пристигнаа во Хабитат Македонија во средината на јануари 2020: три проекти поднесени од европски конзорциуми, каде Хабитат Македонија или Хабидом се партнери, добија истовремено финансирање од Програмата за истражување и иновации на Европската Унија наречена Хоризонт 2020.
Поддршка добија проекти кои во основа го поврзуваат домувањето со енергијата: проектот насловен Активности во заедниците за намалување на енергетската сиромаштија на конзорциумот предводен од регионалната канцеларија на ХФХ, со партнери од 9 европски земји; потоа проектот: Енергетски менаџмент за локалните власти во Источна Европа на конзорциумот предводен од Центарот за енергетска ефикасност ЕнЕфект од Бугарија, со партнери од 8 европски земји; и конечно проектот: Мерки за поддршка на енергетски ранливите домаќинства на конзорциумот предводен од Универзитетот Корк од Ирска, со партнери од 12 европски земји, каде македонски партнер е Хабидом - друштвото на Хабитат Македонија за управување со станбени згради.
Домаќинства или локални власти од осум македонски општини се предвидени за вклучување во активностите предложени од трите проекти: Карпош, Кавадарци, Кичево, Кочани Аеродром, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
|
|