Здружението за хумано домување Хабитат Македонија и општината Бутел потпишаа меморандум за соработка
Хабитат Македонија и општината Бутел потпишаа меморандум за соработка
На 18 април 2019 година, во просториите на општина Бутел, здружението за хумано домување Хабитат Македонија и општината Бутел потпишаа меморандум за соработка во однос на создавање на регистар на станбени згради и регистар на управители чијшто краен резултат е создавање на база на податоци која ќе ги поддржи локалната самоуправа, сопствениците на станови, како и активностите за развој на севкупниот пазар на домување. Главниот фокус е да се соберат податоци за градежните и енергетските карактеристики за сите станбени згради и да се воспостави Регистар на управители на станбени згради, но исто така Меморандумот вклучува и одредби за заедничка соработка во однос на подобрување на енергетската ефикасност кај станбените згради.
Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски и извршниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костов.
Хабитат Македонија го поддржува процесот на регистрација на станбени згради на целата територија на Македонија. Регистрацијата на станбените згради која ја спроведува Хабитат Македонија вклучува собирање на податоци според обврските од Законот за домување и податоци за градежните и енергетски карактеристики на зградите. Анализата на станбените згради претставува извор на податоци за општините, институциите, граѓанскиот и деловниот сектор, како и за сопствениците на станови во станбените згради.
Регистрацијата на станбени згради, Хабитат Македонија ја започна 2015 година. Во 2019 година се интензивираат активностите со општините при што се потпишани меморандуми за соработка со општините Охрид, Берово и Пехчево, а општината Бутел е 24-та општина во која ќе се спроведува оваа активност. Регистарот на станбени згради и станови за општините каде што е комплетирана активноста е објавен на веб страницата www.domuvanje.org.mk.
Хабитат Македонија и општината Бутел потпишаа меморандум за соработка
|
Хабитат Македонија и општината Бутел потпишаа меморандум за соработка
|