Бегалска криза
|
Во тек активности за зазимување
Бегалска криза
Во текот на втората половина на ноември 2015 активностите на Хабитат Македонија за справување со бегалската криза беа проширени на интервенција со која е обезбедена опрема и инсталација за греење во неколку клучни засолништа во транзитниот центар на грчко-македонската граница, вклучувајќи генератор за струја и напонска мрежа со голем капацитет за засолништата на Хабитат, УНИЦЕФ и едно од засолништата на УНХЦР. Интервенцијата е дел од заедничките активности на Владата на Македонија и повеќе други организации за подготовка на транзитните центри за зимски услови.
Истовремено, со цел координирана и ефикасна алокација на ресурсите Хабитат Македонија иницираше неколку партнерства или други форми на соработка со организации кои имаат силни програмски компоненти во областа на итен одговор на кризи. Се очекува Католичките служби за помош (ЦРС) и одвоено Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) да се придружат кон напорите на Хабитат во обезбедувањето дополнително финансирање за некои од интервенциите кои вклучуваат засолништа или инфраструктура. Планирано е оваа соработка да се формализира со посебни меморандуми.
Хабитат Македонија внимателно ги следи потребите за засолништа во транзитните центри и има планови да ги прошири своите операции и на македонко-српската граница.
Во тек активности за зазимување
|
Во тек активности за зазимување
|
Во тек активности за зазимување
|
|
|