Проект: „ДОМОТ Е ЕДНАКВОСТ“ финансиран од Habitat for Humanity International

Согласно Правилникот за набавки на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија бр. 0202-431/2 од 01.11.2021 година, вклучувајќи ги сите последователни измени и дополнувања и Одлуката за измени и дополнувања на Правилникот за набавки донесена на ден 27.12.2023 година, а во врска со проектот „Домот е еднаквост/ Home Equals“ спроведуван од Хабитат Македонија во партнерство со Oпштина Шуто Оризари, Здружението за хумано домување Хабитат Македонија на ден 22.10.2024 година објавува:

ПОКАНА
за доставување на понуда за изработка и монтажа на енергетски ефикасни врати и прозорци во објекти за индивидуално домување во Општина Шуто Оризари во рамките на проектот Домот е еднаквост/Home Equals

Проектот „Домот е еднаквост“ е заедничка иницијатива на Хабитат Македонија и општините Куманово и Шуто Оризари. Општа цел на проектот е да придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој на ромските заедници заснован на почитување и остварување на човековите права во согласност со принципите на ЕУ и Целите за одржлив развој (SDGs).

За остварување на целите на овој проект Хабитат Македонија спроведува постапка за набавка на изработка и монтажа на енергетски ефикасни врати и прозорци во објекти за индивидуално домување во Општина Шуто Оризари.

Поради тоа, Ве покануваме да доставите понуда за изработка и монтажа на енергетски ефикасни врати и прозорци во објекти за индивидуално домување во Општина Шуто Оризари, според Повикот и условите на набавка бр. 47/2024.

Условите на набавката со техничката документација се јавно објавени на веб страната www.habitat.org.mk, во периодот од 22 октомври до 13 ноември 2024 година. Покрај тоа што може да ja преземете од веб страната, документацијата на ваше барање може да ви биде испратена во електронска форма на е-меил адреса или во печатена форма да ја подигнете од канцеларијата на Хабитат Македонија во Скопје.

Доколку постои интерес од Ваша страна, Ве молиме понудата да ја доставите најдоцна до 13 ноември 2024 година (среда) до 15 часот, курирски, со предавање во просториите на Хабитат Македонија (ул. „Никола Парапунов“ бр. 41, комплекс Макотекс 1 кат, Скопје).
Контакт лице за дополнителни информации е Иван Поповски, контакт: ipopovski@finerti.com.mk.