ПОКАНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС
Хабитат Македонија повикува заинтересирани семејства да се пријават за вклучување во Програмата за нoвоградби во Велес.
Оваа покана се однесува на избор на 2 семејства. Програмата има на располагање 2 нови станови со површина од 68 м2 во нов, целосно изграден објект во населбата Хабитат во Велес, со адреса на ул. Невена Георгиева Дуња бр. 8А.
Потребните информации и документи за пријавување може да се најдат подолу на оваа страница или во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 4A, стан број 1, приземје), во периодот од 20 септември до 10 октомври 2023 година, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот.
Рокот за доставување на документите е најдоцна до 10 октомври 2023 година до 15:00 часот. Документите се доставуваат лично во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес или по пошта во канцеларијата на Хабитат Македонија во Скопје (ул. Никола Парапунов бр. 41, П. ФАХ 407, 1000 Скопје). Во предвид ќе бидат земени само документите кои се доставени во посочениот рок.
Заинтересираните семејства може да извршат увид на становите со претходна телефонска најава. Контакт телефон:
- Канцеларија Велес 075 868138,
- Канцеларија Скопје 02 3061890.
Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски приходи. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.
Документ за преземање:
- Покана за за пријавување на семејства за вклучување во Програмата за новоградби во Велес
- Упатство за вклучување семејства во Програмата за новоградби на Хабитат Македонија за станбен објект на ул. Невена Георгиева Дуња бр. 8А, Велес
- Услови за финансирање на домовите од населбата Хабитат во Велес
- Основа на кат
- Образец за пријавување партнер семејства на Хабитат Македонија
- Податоци за носителот на пријавата за партнер семејство на Хабитат Македонија
- Изјава за веродостојност на податоците наведени во Образецот за пријавување на партнер семејства на Хабитат Македонија