Согласно Правилникот за набавки на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија од 28.12.2015 година, а во врска со проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници„ спроведуван од Хабитат Македонија, во партнерство со општините Шуто Оризари и Велес, Здружението за хумано домување Хабитат Македонија на ден 28.08.2020 година објавува:

ПОВИК

за доставување на понуда за изработка на детални урбанистички планови за дел од урбани блокови, во реонот на Генерален урбанистички план на град Велес


Проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници„ е заедничка иницијатива на Хабитат Македонија и општините Шуто Оризари и Велес. Со овој проект треба да се придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој базиран на почитување на принципите на ЕУ кои водат до подобар квалитет на живеење во ромските заедници.

За остварување на целите на овој проект Хабитат Македонија спроведува постапка за набавка за изработка на детални урбанистички планови за дел од урбани блокови во општина Велес, во реонот на Генерален урбанистички план на Град Велес. Поради тоа, Ве покануваме да доставите понуда за изработка на детални урбанистички планови, според Повикот и условите на набавка бр. 32/2020. Условите на набавката со опис на површините се јавно објавени тука, во периодот од 27 август до 24 септември 2020 година. Покрај тоа што може да ja преземете од веб страната, документацијата на ваше барање може да ви биде испратена во електронска форма на е-меил адреса или во печатена форма да ја подигнете од канцеларијата на Хабитат Македонија во Скопје.

Доколку постои интерес од Ваша страна, Ве молиме понудата да ја доставите најдоцна до 24 септември 2020 година (четврток) до 15 часот, курирски, со предавање во просториите на Хабитат Македонија (ул. Никола Парапунов бр. 41, комплекс Макотекс 1 кат, Скопје).

Контакт лице за дополнителни информации е Костадин Настевски (тел. 075 868 138, е-меил: knastevski@habitat.org.mk).



Документ за преземање: