Приказни на волонтери
|
Летни волонтери
ЏоЕлен Педерсон и Оливер Бугариски од Береа колеџот во Кентаки, САД најдоа инвентивно решение за тоа како да го поминат летниот распуст. Двајцата волонтери од Хабитат афилијацијата од Береа колеџ стигнаа во Македонија на крајот на мај 2005 и останаа до август.
За време на нивниот престој во Скопје, најголем дел од времето го поминаа со Хабитат – Македонија. Преку работата во нашите канцеларии, но и преку теренска работа, ЏоЕлен и Оливер имаа можност да ги проследат првите успеси и предизвици на новата афилијација.
Особено интересни за нив беа посетата на првите партнер фамилии на новиот Фонд за подобар дом, присуството на обуката за советодавателите одговорни за нефинансиската компонента на програмата, како и помошта што ни ја пружија во нашите првобитни обиди за мобилизација на фондови.
|
|