Приказни на волонтери
|
Волонтерите се надеваат дека ќе се вратат со повеќе помош
Сара Бернал и Сузан Мортенсен од Темпе, Аризона ја посетија Македонија ова лето во рамките на проектот Сестрински градови меѓу Темпе и Скопје. Времето во Македонија го искористија за да помогнат во локалната афилијација на Хабитат, каде што помагаа во канцелариската, но и во теренската работа.
„Бевме да видиме како напредуваат семејствата во нивното искористување на кредитите од Хабитат – Македонија. Извонредно беше да се види колку многу работа успеале да завршат семејствата и колку поудобен ќе им биде животот по завршувањето на реконструкциите. Немаше потреба да разбираме македонски за да сфатиме колку благодарни беа семејствата за помошта од Хабитат“ - рече Сара по посетата на две партнер семејства во Кочани.
Сара и Сузан им даваа часови по англиски јазик на вработените во Хабитат – Македонија и им помогнаа во пишувањето на семејните приказни. Покрај тоа, тие излегоа да работат на терен со тоа што испечатија и раздаваа летоци за промоција на Фондот за подобар дом.
Сара и Сузан беа првите меѓународни волонтери оваа година кои што дојдоа да помогнат во Хабитат – Македонија. „Хабитат – Македонија прави толку голема разлика во животите на толку многу луѓе, така што се надевам дека наскоро ќе се вратам во Македонија со Global Village тим за да можам да помогнам уште повеќе“ – рече Сара Бернал.
|
|