Фонд за домување на роми и маргинализирани
ЗА НАС
Хабитат - Македонија е непрофитна организација, дел од глобалната мрежа Habitat for Humanity, посветена на обезбедување едноставни, пристојни и достапни решенија за живеалишта на семејства со ниски приходи кои живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност.
Хоризонти е фондација за економски развој, невладина и непрофитна организација, која преку финансиски услуги ги поддржува малите бизниси на посиромашните и маргинализираните групи во Република Македонија.
Денес, Хоризонти делува преку 9 експозитури лоцирани во поголемите градови низ републиката и централна канцеларија во Скопје. Хоризонти од своето основање нуди заеми на Роми. Во моментов 40% од вкупното портфолио припаѓа на оваа заедница.
Заедно, со еднаква партиципација го создадовме Фондот за домување на Роми и маргинализирани, дизајниран како пилот проект за првата година со јасна цел за понатамошно зголемување на обемот на активностите.
НАШИТЕ ЦЕЛИ
Главна цел на ова партнерство е подобрувањето на условите на живеење на Ромите на територија на град Скопје со посебен акцент на општината Шуто Оризари преку обезбедување на микро заеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови.
Во согласност со нашите основни принципи на работа, останатите етнички групи од овој регион нема да им биде скратена можноста да добијат заем се додека ги исполнуваат зададените критериуми.
Конкретните цели на овој проект се развој на кредитна линија која треба да биде дизајнирана и прилагодена на потребите на оваа ранлива група и да обезбеди финансиска одржливост.
НАШИОТ ПЛАН
Ромски и маргинализирани семејства услужени преку одобрување на заем:
50 одобрени заеми за реконструкција и реновирање
Ромски и маргинализирани семејства услужени со завршена реконструкција:
34 завршени реконструкции/реновирања
НАШИОТ ПРОИЗВОД
Фондот за домување на Роми и маргинализирани се реализира преку кредитна линија ДОМ која нуди микро заеми од 500 до 1.700 Евра со максимален рок на отплата од 30 месеци. Во иницијалниот период заеми можат да користат семејства кои биле кориснци или во моментот користат друг заем од Хоризонти.