Здружението за хумано домување Хабитат Македонија објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позицијата:

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
на Хабитат Македонија

Информации за делокругот на работа, потребните квалификации и вештини за огласената позиција, заедно со упатство за пријавување, може да се најдат подолу на страницата.

Потребните документи треба да се достават најдоцна до 10 ноември 2021 година на адресата: habitat@habitat.org.mk

Селекцијата ќе се изврши преку постапка која ќе вклучи оценка на поднесените документи и интервју.


Документи за преземање:


Хабитат Македонија е дел од мрежата Habitat for Humanity International, меѓународна непрофитна организација која работи на унапредување на условите за домување за лица и семејства со ниски приходи. Повеќе информации за организацијата може да се најдат на веб страниците: www.habitat.org и www.habitat.org.mk