20 години Хабитат Македонија одбележани во САД

20 години Хабитат Македонија одбележани во САД

Во единствена прилика која се совпадна со 20-годишнината од основањето на Хабитат Македонија, членови на Управниот одбор и Собранието на здружението престојуваа во еднонеделна посета на партнерски афилијации на Хабитат од Флорида, САД.

Crystal Lazar Dade City 2025

Домаќини на посетата беа долгогодишните поддржувачи и донатори на Хабитат Македонија – афилијациите Habitat for Humanity of East and Central Pasco и Habitat for Humanity of Citrus County. Нивните поранешни и актуелни први луѓе, John Finnerty и George Rusaw, воедно почесни членови на Управниот одбор на Хабитат Македонија, за гостите организираа серија од настани и состаноци со локалните лидери и партнери на Хабитат при што беа презентирани повеќе проекти и модалитети на соработка.

Посебен белег на посетата и даде волонтирскиот ден организиран на 26 март 2025 година од афилијацијата HFH of Citrus County. Како израз на благодарност за континуираната поддршка која трае повеќе од 15 години и меѓу другото вклучува волонтирање на градилиштето во Велес, членовите на Хабитат Македонија возвратија со волонтирање на градилиштето Citrus Springs каде афилијацијата гради 176 индивидуални куќи за семејства со ниски приходи.

Ценејќи го волонтирањето како традиционална и престижна компонента на мисијата на Habitat for Humanity што мобилизира илјадници поддржувачи низ целиот свет, на овој редок настан се придружи и македонскиот амбасадор во САД Зоран Попов, кој пристигна од Вашингтон специјално за оваа прилика. По волонтерскиот настан, амбасадорот Попов и извршниот директор на Хабитат Македонија Зоран Костов беа поканети да се обратат на свеченоста на која беа доделени клучеви од новоизградени домови за повеќе семејства.

Престојот вклучи и повеќе теренски посети, како и средби со претставници на македонската дијаспора.

Tetjana Lazarevska Citrus Springs 2025
Dragan Malinovski Citrus Springs 2025
Zoran Popov Zoran Kostov Citrus Springs 2025