
Програмски области на работа
Хабитат Македонија“ претставува социјално претпријатие составено од невладина организација и две друштва со ограничена одговорност (ДОО), поврзани со глобалната непрофитна мрежа за домување „Habitat for Humanity“ и посветени на обезбедување едноставни, достоинствени и достапни станбени решенија за луѓе што живеат во сиромаштија. Покрај создавањето синергија во одговарањето на станбените потреби на сиромашните преку градба и микрофинансии, портфолиото ги обединува компонентите за волонтерство, развој на капацитети, развој на заедницата и застапување, со што се подига широката јавна свест за трансформативната моќ на достоинственото домување.