Partners

Наши партнери

Штедилница Можности

Микрофинансиската институција „Можности“, членка на глобалната микрофинансиска мрежа Opportunity International, е најдолгогодишниот партнер на „Habitat for Humanity“ за станбени микрофинансии во регионот Европа, Блискиот Исток и Африка, со партнерска програма што е активна од 2005 година. Програмата, првично наречена „Фонд за подобрување на домот“, обезбедува пристап до достапни средства за поправки, реконструкции и реновирања на субстандардни домови. Кредити се нудат на семејства со ниски приходи низ целата земја, и во рурални и во урбани подрачја. Покрај придонесот во заедничкиот фонд, „Хабитат Македонија“ обезбедува насоки, градежно-технички совети и надзор за време на изведбата.

Хоризонти

Партнерството со микрофинансиската организација „Хоризонти“, поранешна филијала на CRS во Македонија, е насочено кон помош на ромската популација и други маргинализирани групи во Македонија. Од 2008 година се одобруваат заеми за реконструкција на кровови, поставување тоалети и вода, доградба на простории, системи за греење, изолација и замена на врати и прозорци. Повеќе од 90 проценти од корисниците на заемите во оваа програма се жени. Како и кај првото партнерство со микрофинансиска институција, „Хабитат Македонија“ придонесува во заедничкиот фонд и обезбедува градежно-технички совети за време на изведбата. Дополнително, „Хабитат Македонија“ изработи едукативни материјали за заемопримачите за поддршка на самоградбата.