Волонтери
|
Лето во Македонија. Така одлучија волонтерите на Хабитат, ЏоЕлен Педерсон и Оливер Бугариски од Бареа колеџот од Кентаки, САД. Тие двајцата во Македонија пристигнаа кон крајот на мај и останаа до август.
При престојот во Скопје Оливер и ЏоЕлен најголемиот дел од своето време го поминаа со Хабитат - Македонија. Тие имаа можност да ги споделат првите успеси и предизвици на новата афилијација, активно помагајќи во работата на терен и во канцеларијата.
Со особено задоволство ја прифатија поканата за посета на првото партнер семејство стекнато преку новата кредитна линија на Фондот за подобар дом. Исто така учествуваа и на обуката за советодаватели, а помогнаа и во првите обиди за мобилизирање на фондови.
За повеќе информации обрате се на: info@habitat.org.mk
|
|